Преку консултативните услуги од областа на Информатиката и Телекомуникациите, даваме совети како најдобро да се користат Информационо-телекомуникациските технологии за достигнување на поставените бизнис цели. Во соработка со Вас, преку унапредување на Информационо-телекомуникациските технологии во Вашата компанија, се обезбедува значително зголемување на продуктивноста и намалување на трошоците.Поврзувањето на Интернет корпоративната информатичка мрежа го зголемува ризикот од несакани и неовластени упади во системот. Нашите експерти помагаат при проценка на ризик, идентификација на сигурносни пропусти, креирање и имплементација на Архитектура за Информациона сигурност.

Категорија: Услуги