Нудиме телекомуникациски услуги базирани на пренос на глас преку Интернет (Voice over IP- VoIP). Оваа технологија обезбедува меѓународни телефонски разговори по значително пониски цени од цените кои ги нудат класичните телеком оператори. За услугата не се плаќа месечна претплата туку се купува кредит чие време на искористување не е временски ограничено. Корисникот во секој момент може да ја провери состојбата на кредитот и да добие детална сметка за направените разговори во даден временски период.