Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. |  + 389 2 24 61 108 | + 389 2 52 11 200 | + 389 75 446 395

KNX СЕРТИФИЦИРАН ТРЕНИНГ ЦЕНТАР

KNX инсталацијата обезбедува конфор, сигурност, заштеда на енергија, флексибилност и адаптивност на иден развоj. Заштедата на енергија остварена со имплементација на оваа технологија во болници, институции, згради, домови, куќи изнесува од 30-40%. Најголемите светски компании кои произведуваат опрема за осветлување, греење, ладење, вентилација, сигурносни системи, аларми се членови на KNX асоцијацијата и произведуваат опрема согласно овој стандард.

Со посета на KNX курсот добивате можност да се стекнете со знаење за KNX стандардот, принципи на работа на KNX уредите, програмирање на истите со ETS4 софтверот, начин на функционирање на KNX магистралата. Обуката се одвива на Македонски или Англиски јазик.

Курсот трае 40 часа, од кои минимум половина се практична работа. Времетраењето е 5 дена, по 8 часа од 45 минути. Во рамки на курсот се добива стручна литература и тренинг место со опрема на кое практично ќе работат максимум двајца кандидати. Во група ќе бидат максимум 4 кандидати. За учење и програмирање на опремата ќе се користи најновата верзија од софтверот ETS4. Содржината на курсот е стандардизирана во цел свет и таа е:

 

- KNX системски аргументи
- KNX Bus уреди
- KNX комуникација
- KNX работа со ЕТS
- KNX дијагностика
- KNX основно проектирање
- KNX детално проектирање
- KNX инсталации
- KNX Powerline 110
- KNX телеграма
- KNX топологија

По завршување на курсот следи испит во два дела, практичен и теоретски дел. По полагање на испитот стекнувате KNX сертификат, кој доаѓа од асоцијацијата од Брисел. Исто така, податоци за Вас и Вашата компанија се објавуваат на web  сајтот www.knx.org во делот на партнери. Двапати годишно, бесплатно, ќе го добивате и списанието KNX journal, кое ќе доаѓа на Вашата адреса. Ќе добиете и лиценца за софтверот ETS lite, со помош на кој ќе можете да ги програмирате KNX уреди.

Facebook Image